Делегација на АРМ ги посети воените образовни институции во Обединетото Кралство

Од:

Делегација на Армијата на Република Македонија (АРМ) предводена од началникот на Генералштабот генерал потполковник Методија Величковски, во рамки на посетата на Армијата на Обединетото Кралство, во изминатите денови ги посети престижните воено образовни институции на Вооружените сили на Обединетото Кралство: Кралската воена академија, Сандхурст (РМАС)  и  Одбранбената академија во Шривенам (ДА).

Како што соопшти АРМ, придонесот кој го овозможуваат овие  воени образовни институции во воената обука и едукацијата на припадници од АРМ беа главните теми на разговор  за време на средбите со командантот на РМАС, генерал мајор Пол Нансон и со командантот на Командно Штабниот Колеџ при ДА, генерал мајор Џулиан Фреј.

Генералот Величковски во духот на продлабочување на соработката достави предлог за размена на искуствата од областа на воената доктрина и планирање преку учество на кадри и слушатели од овие високошколски установи во активностите организирани од Воената Академија Генерал Михајло Апостолски, како што е летниот кампус, но и разгледување на можноста за размена на професори.

Во текот на вчерашниот ден во Камберли, делегацијата присуствуваше на „Парада на сувереноста“- единствена свечена церемонија од овој вид која се одржува по повод завршеток на школувањето на кадетите од Кралската воена академија и нивна промоција во офицерски чинови,  меѓу кои е и еден припадник од АРМ кој го заврши школувањето. 

Во досегашниот период десетина припадници на АРМ континуирано се упатуваат и со успех ги имаат завршено школувањата и последипломски студии во различни воени области на високите школи во Обединетото Кралство, како Кралскиот колеџ во Лондон, Командно-штабниот Колеџ во Шривенхам, Универзитетот Кранфилд во Шривенхам, Кралската воена Академија – Сандхурст и Академијата на Кралското воено воздухопловство во Кранвел.

– Неколкудневната официјална посета на делегацијата од АРМ е особено значајна за меѓусебната соработка помеѓу АРМ и Армијата на Обединетото Кралство, не само поради првпат остварената средба на ниво на началници на генералштабови на двете армии, туку и за зајакнување на поддршката од оваа партнерска Армија за интеграција на Република Македонија во северно атлантското семејство, оценува АРМ.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација