Вчерашното распишување на изборите при неисполнети елементарни услови согласно договорот од Пржино како и децидното одбивање на Ѓорге Иванов да ја повлече неговата ништовна одлука за стопирање на постапките против осомничениге лица и да не поднесе оставка, ги повикуваме САД и членките на ЕУ наместо очекуваните санкции кон Република Македонија и нејзините граѓани, истите да ги изречат кон лицата и партиите кои не го почитуваат Договорот од Пржино, бара ФРОДЕМ.
„Државите членки на ЕУ и САД како и сите добронамерни држави пријатели на сите лица чии имиња се наоѓаат на ништовните одлуки, на нивните најблиски роднини, како и персоната Ѓ. Иванов, да им изречат забрана за влез во нивните држави како и да им ги блокираат фирмите и да им ги замрзнат банкарските сметки доколку ги имаат во нивните држави. Овие мерки да траат се до завршувањето на започнатите постапи и до докажување на нивната невиност“, се вели во отвореното писмо испратено до меѓународната заедница.
ФРОДЕМ бара од акредитираните амбасадори во Република Македонија истите овие личности да не ги покануваат на официјални приеми и средби и да ја суспендираат секоја идна комуникација со нив се до завршување на кривично-правните постапки.
„Оваа барање се однесува и на членовите на Советот на јавни обвинители кои постојано ја опструираат работата на Специјалното јавно обвинителство како и на судиите на Уставниот суд на Р. Македонија кои сносат сериозна одговорност за своето непрофесионално работење и однесување и кршење на Уставот и законите на државата“, истакнуваат од ФРОДЕМ.