Започнува мониторингот на медиумското известување за изборите

Од:

Тим на Агенцијата за медиуми денеска официјално го започнува мониторингот за медиумското известување за предвремените парламентарни избори, а започнува да тече и рокот од пет дена во кој треба да се усвојат ценовници за платено политичко рекламирање и да ги достават до четири институции.

Директорот на Агенцијата за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски денеска на прес-конференција информираше дека мониторинг – тимот составен од дваесетина луѓе, во најголем дел работени во Стручната служба и неколку надворешни соработници, секојдневно ќе ја следат 24-часовната програма на националните телевизии и радија.

– Согласно Методологијата за мониторинг на изборното претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси, во периодот од распишување на изборите до почетокот на изборната кампања, предмет на мониторингот се два телевизиски и два радио сервиси на Јавниот радиодифузен сервис и Собранискиот канал, петте телевизии кои емитуваат програма преку преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс, петте сателитски телевизии, четирите кабелски телевизии и две од националните комерцијални радија, изјави Трајчевски.

Досега со мониторингот се следеше дали се почитуваат забраните за емитување реклами финансирани од јавни средства и за емитување платено политичко рекламирање, а отсега, како што кажа тој на прес-конференција, на ова се надоврзува и мониторингот на известувањето во централните дневно информативни емисии, како и на пристапот во сите информативни програми.
За сите други програмски сервиси Агенцијата ќе врши мониторинг врз основа на претставки.

– Најдоцна до вторник, 19 април, сите телевизии и радија кои ќе емитуваат платено политичко рекламирање за време на изборната кампања треба да ги утврдат цените и тоа така што цената по секунда за платено политичко рекламирање нема да ја надминува просечната цена на рекламирање пресметана во последните три месеци пред денот на распишување на изборите и вака формулираните ценовници да ги достават до Агенцијата, до ДИК, Државниот завод за ревизија и до ДКСК, рече Трајчевски.

Според Изборниот законик, посочи тој, радиодифузерите се должни до започнување на изборната кампања најмалку двапати да ги објават на своите програми ценовниците за платено политичко рекламирање и дека не е дозволена нивна промена за време на изборниот процес.
Од денеска функционира и посебен дел на веб – страницата на Агенцијата посветен на изборите 2016 година.

– Во овој посебен банер можете да ги најдете Изборниот законик, Методологијата за мониторинг, ставовите на Агенцијата во врска со изборната регулатива, материјалите од реализираните обуки со радиодифузерите и линк до формуларот за претставки за сите граѓани и правни субјекти кои имаат забелешки на известувањето на медиумите. Овде Агенцијата ќе ги објавува и извештаите од сите констатирани прекршувања на Изборниот законик врз основа на кои ќе бидат поведени прекршочни постапки пред надлежните судови, рече Трајчевски.
Освен на македонски јазик, овој банер функционира и на албанската и на англиската верзија од веб – страницата.

Трајчевски ги повика сите радиодифузери, како што рече, крајно сериозно и одговорно да ги сфатат повиците за професионалност во работењето.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата