Орав: Одлуката на Иванов создава опасна атмосфера на неказнивост

Од:

Функционален правен систем е од фундаментално значење за која било држава што сака да има долготрајна демократија, просперитет и мир. Ова е важно да се истакне особено во пресрет на последните случувања во земјава, изјави денеска евроамбасадорот Аиво Орав на отворањето на твиниг проектот „Зајакнување на владеењето на правото“, финанисран од ЕУ.

– Проширувањето на ЕУ го става владеењето на правото и правниот систем во срцето на целиот процес. Одлуката на претседателот Иванов за аболиција на сите лица што можеби извршиле криминали сериозно го поткопува владеењето на правото и создава опасна атмосфера на неказнивост. Забележително е дека сите политички партии ја одбија оваа одлука, но што е следно. Јас искрено се надевам дека партиските лидери ќе ја исполнат нивната целосна јавна и политичка одговорност и конечно ќе започнат со решавање на се кризата која се продлабочува, така што законодавците и експертите ќе може да се вратат на работа и да се вратат на важниот процес на реформи, рече Аиво Орав.

Тоа, според него, може да успее само ако нормалниот политички процес и владеењето на правото бидат целосно вратени, доколку политичарите престанат да ја трошат својата енергија во континуирани политички борби и неказнивост, кои не се ниту потврдени од судот.

– Сакам да ги повикам сите страни да избегнат понатамошна ескалација на кризата, намерни провокации со политичка цел се неприфатливи иако секогаш постои искушение во тоа. Доколку насилството започне ќе биде екстремно тешко да се запре и ќе врати години на реформи и напори за интеграција на земјата. Затоа во интерес на граѓаните и на процесот на евтоатлантска интеграција на земјата ги повикуваме политичките сили да се вратат на преговарачка маса за деескалирање на ситуацијата и да продолжат со подготовка за спроведување кредибилни избори, рече Орав.

Тој истакна дека е значајно Специјалното јавно обвинителство и судовите да продолжат со својата работа, за како што наведе, правдата и владеењето на правото да надвладеат.

 

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он