Женскиот македонскиот првак ЖРК Вардар ќе игра против романската екипа ЦСМ Букурешт во полуфиналето во ракометната Лига на шампиони.
Желбата на вардарки се исполни, го добија посакуваниот противник, можеби и најлесен од трите можни на патот кон финалето на завршниот фајнал-фор турнир кој ќе се одржи во Будимпешта, каде денеска беже извршена и ждрепката.
Црвено-црните сезонава веќе одиграа два натпревари против романската екипа и тоа во втората фаза по групи. На мечот во Скопје на почетокот на јануари месец, македонскиот шампион забележа минимална победа со 22:21, а додека на гостувањето во Романија во февруари, вардарки беа убедливи и славеа триумф со пет голови разлика 30:25.
Во второто полуфинале ќе играат Будуќност и Ѓер, екипите кои триумфираа на последните два завршни фајналфор турнири.
Годинашното издание на завршнмицата на Лигата на шампионките, повторно ќе се одржи во Будимпешта, и тоа, полуфиналните натпревари ќе се играат на 7 мај, а финалето и мечот за 3.место на 8 мај.