Почнува четвртиот „Codefest“ во Охрид

Од:

Во Охрид денеска почнува 4. издание на „Codefest“, настан на кој младите информатичари имаат можност да ги развиваат своите идеи.

Манифестацијата ќе трае до недела, а на него најавено е учество на студенти, средношколци, ИТ професионалци и претставници од бизнис заедницата, стартап компаниите и инвестициските фондови. Најавено е и учество на претставници од Словенија, Полска, Бугарија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Манифестацијата ја организира Здружението за развој „Стартап зона“ од Охрид, а најавено е дека ќе ја отвори министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска – Томовска.

Во рамки на манифестацијата ќе се одржат еднодневна технолошка конференција Codeference, маратонско кодирање од 32 часа Codefest Marathon и изложбено експо за претставници од ИТ бизнис секторот и образовните институции CF X Business Expo.

Би можело да ве интересира

Македонски ученици освоија три бронзени медали на Интернационалната олимпијада по информатика

Ана Ололовска

Бронзен медал за македонските млади информатичари на Европската јуниорска олимпијада по информатика одржана онлајн во Грузија

Ана Ололовска

Два освоени медала на 13. Јуниорска балканска олимпијада по информатика

Ана Ололовска

Балканска олимпијада во информатика во Скопје

Ана Ололовска

Во Штип „DigiGirlz“ караванот на Мајкрсофт Македонија

Ана Ололовска

„DigiGirlz“ – можности девојките да станат дел од ИТ-светот

Ана Ололовска