Дали со години ќе се дебатира за Законот за бранители?

Од:

Денеска започна дебатата   за Законот за бранители. На  пратениците им беа доставени  сите 15.571 амандмани  преведени и на албански јазик .

Дебата и репликите се ограничени, но со оглед на огромната бројка , се предвидува со години да трае дебатата за овој закон. Со определувањето на времетраењето на дискусиите пратениците и од ДУИ и од ДПА сметаат дека им се ограничува правото на изразување во Парламентот. но сепак на Комисијата го почитуваат ограничувањето.

ДУИ, се противи на Предлог-законот  бидејќи, велат, тој ниту е дел од договорот за коалиција, не се наоѓа ниту во програмата на владејачката партија, ниту во Манифестот, ниту во заедничката владина програма, Законот велат е штетен и антиалбански.

Талат Џафери побара Законот за бранители да се вика „Закон за правата на учесниците во конфликтот во 2001 година и нивните семејства“.

Од коалициониот партнер на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, кои се и предлагачи на законот, велат дека е очигледна намерата на ДУИ да го спречи носењето на законот за бранители, но , велат, решеноста на ВМРО-ДПМНЕ законот да се донесе е поголема. Според нив законот не е против никого.

ДПА која на почетокот и даде подршка на ДУИ за да не се изгласа законот сега почна да се сомнева во вистинските намери на Али Ахмети да го блокира законот за бранители.

 

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада