Спасовски: Нема пропусти во полициската акција

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше и упати јавен повик до граѓаните на Република Македонија за мирни и ненасилни протести.

– Секој има прво мирно и демократски да го изрази своето видување, револт и незадоволство, меѓутоа тоа мора да биде ненасилно и мирно како што доликува на демократски свет. Во таа насока апелирам да нема насилства на протестите и да нема состојби на уништување на имот, како и напади врз полицијата, изјави Спасовски по денешниот работен состанок со началникот на СВР Скопје и луѓето вклучени во обезбедување на синоќешните протести.

Тој апелира до граѓаните да ја третираат полицијата како партнер и чувар на нивната безбедност.

– Нормално е полицијата да постапува по стандардни процедури и да нема прекумерна употреба на сила. Во тој правец и сега разговаравме колку е можно повеќе сите вклучени да бидат заштитени, рече Спасовски.

МВР претходно соопшти дека во синоќешните протести се повредени, две лица, од кои еден новинар, а 13 се приведени. Во нередите што се случија беше демолирана Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов и оштетена зградата на Министерството за правда.
На новинарско прашање дали имало пропусти во координацијата на синоќешната акција на полицијата, Спасовски одговори дека врз основа на сите информации и анализи нема пропусти во раководењето.

Прашан за наводите за приведување на 12 лица и за кражба на компјутер од канцеларијата на Претседателот на Република Македонија, тој рече дека има 13 приведени и дека моментално се работи во СВР Скопје на расчистување на целиот настан и дека во скоро време ќе има детална информација за учеството и стореното нарушување на јавниот ред и мир. Тој, исто така, посочи дека тие се држат врз основа на овластувањата и насоките добиени од јавното обвинителство на Република Македонија.

На новинарско прашање за прекумерна употреба на сила во синоќешната акција и дали тоа ќе го испитува внатрешна контрола, Спасовски одговори дека од синоќа е дадена задача да  работат и внатрешна контрола и СВР Скопје и инспекторите.

– Имаме напад, односно повреден е еден новинар и затоа ќе мора да апелираме новинарите да бидат видно обележани. Меѓутоа, понатаму не смее да се случува еден таков инцидент. За секоја прекумерна употреба на сила од било кој полициски службеник ќе се постапува согласно законските прописи и ќе мораат и тие да носат одговорност, изјави тој.
Прашан дали ќе има одговорност за организаторите на вчерашните протести, тој посочи дека синоќа немало најавени протести и тоа биле спонтани. Според законот може да се најави, но немаат обврска да бидат најавени притестите, објасни тој, истовремно апелирајќи протестите да се најавуваат.

Спасовски на новинарско прашање како МВР функционира по одлуката за поништување на решенијата и дали има потпишано нови решенија, рече дека МВР мора да функционира нормално врз основа на хиерархија и потврди дека повторно ги има потпишано сите незаконско поништени решенија.

Прашан дали ќе има реакција на воената вежба од грчката војска над Идомени, Спасовски рече дека апсолутно соработуваат со грчката полиција заради тоа што само преку координација и соработка може да се заштити македонско-грчката граница.

– Знаете дека и вчера имаше обиди за илегален премин на границата и благодарение на таа координација границата беше сочувана и не беше дозволен влез на територија на РМ. Инаку, се што се случува на територија на Грција и какви одлуки носат нивните безбедносни сили тоа е нивна работа, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ

МВР уапси двајца крадци кои краделе домашни животни

Пуштиле осуденик на слобода зошто немало место во затвор, кривична за тројца битолски полицајци

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Бројни советници по кабинети, масовна партизација на грбот на граѓаните и во МВР

Горан Наумовски