Зошто малите деца ги грицкаат ноктите?

Од:

Голем број деца кога ќе наполнат пет или шест години почнуваат да ги грицкаат ноктите или тоа го прават во време на адолесценцијата, така што родителите се сомневаат дека нивното дете има одредени проблеми.

Сепак, често нема причина за страв, затоа што оникофагија, како што се вика пореметување на контролата на импулсот односно грицкањето нокти, може да биде кратка фаза, позади која стои досадата или заморот. Доколку, пак, родителите забележат дека ова трае долго време, тогаш е време за грижа и барање на причините. 

Еден од прекинувачите може да биде несигурноста или неснаоѓањето меѓу децата, кога детето се повлекува во себе, не знае како да се постави во друштво, се плаши дека ќе го осудат што и да рече или направи. Заради тоа важно е да се следи како се однесува и да се работи на јакнење на неговата самодоверба.

Грицкањето нокти често е последица на стрес, грижи за оценките, притисок заради многу обврски, вљубување. Доколку тоа прерасне во опсесивна навика, која околу ноктите создава црвенило, отоци и гној, морате сериозно да разговарате со детето или да се консултирате со експерт за да се дознае што го мачи. Можно е да има дефицит на внимание, да е хиперактивно или опсесивно-компулсивно. Во секој случај, не треба да се дозволи проблемот да се реши сам од себе. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска