Најдобрите македонски ракометари ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се натпреваруваат во квалификациите за пласман на Европското првенство, чиj домаќин во 2018 година ќе биде Хрватска.
Ждрепката која се одржа во Дубровник ја смести Македонија во Група 4, заедно со Исланд, Чешка и Украина.
Квалификацискиот циклус ќе започне во октомври, се игра по принцип секој со секого (дома-гости), а пласман на Европското првенство ќе изборат првите две селекции на конечната табела.
Ракометни квалификации за ЕП 2018:
Група 1: Данска, Унгарија, Холандија, Латвија
Група 2: Полска, Белорусија, Србија, Романија
Група 3: Шпанија Австрија, Босна и Херцеговина, Финска
Група 4: Исланд, Македонија, Чешка, Украина
Група 5: Германија, Словенија, Португалија, Швајцарија
Група 6: Шведска, Русија, Црна Гора, Словачка
Група 7: Франција, Норвешка, Литванија, Белгија.