Пронајден череп во близина на преминот Стража

Од:

Остатоци од човечки череп се откриени покрај коловозот на магистралата Гостивар-Кичево во близина на преминот Стража. Полициска екипи по наредба на Јавен обвинител извршила увид на местото и во текот на денот се планира дополнително пребарување на теренот, информираат од СВР Тетово.

Според првичните сознанија, черепот го забележал случаен минувач, кој вчера, околу 13 часот, застанал на едно проширување од патот на половина километар од преминот Стража. По пријавувањето бил извршен увид, при што е констатирано дека на черепот му недостасува долната вилица. Пронајдениот материјал е даден на вештачење за да се утврди староста и други поединости со ова откритие.

Од СВР Тетово информираат дека местото и теренот се обезбедени, а во координација со Јавен обвинител и специјализирани екипи во текот на денот се очекува да почне пребарување на околината.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он