Тениската фед куп репрезентација на Македонија денеска ја постигна и втората победа во Б групата од Третата Евроафриканска зона што се игра во Улцињ.
Македонија со 2:1 ја победи Република Ирска (носител во групата) и со овој триумф нашата селекција ја освои првата позиција во групата и во сабота ќе игра против Норвешка за пласман ранг повисоко.
Во првиот меч Катарина Маринковиќ загуби со 2:1 (3:6; 6:3 и 6:1) во сетови од Џенифер Тимотин, а изедначување донесе Магдалена Стоилоквска, која успеа исто така со 2:1 (3:6; 7:5 и 6:4) во сетови да ја совлада Џорџија Друми.
Во мечот на двојки македонската комбинација Маринковиќ-Стоилковска беа поуспешни од противничките со 2:1 (7:5; 4:6 и 6:3) во сетови.
Утре нашата селекција е слободна, а во петок ќе игра против Исланд, селекција која е последна во нашата група.