ЗНМ со проект за слобода на медиумите и професионално новинарство

Од:

Поттикнување развој на поволно опкружување за почитување на правата на новинарите и за подобрување на известувањето на новинарите согласно професионалните и етички норми има за цел проектот „Мрежа на новинарите за слобода на медиумите во Македонија”, што  следните три години ќе го спроведува Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

Како што се наведува со соопштението на ЗНМ, главна цел на проектот е да се зајакне солидарноста меѓу новинарите, граѓанското општество, медиумските организации и други актери за промоција на професионалното новинарство и слободата на медиумите.
Исто така, посебна цел на проектот е да ја подобрува судската пракса во земјата за судски предмети за клевета и навреда против новинари и медиуми, согласно праксата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Проектот предвидува активности за подигнување на свеста за слободата на изразувањето и слободата на медиумите во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права, преку обука на новинари, судии и правници.

Европската федерација на новинари (ЕФЈ) е партнер во спроведувањето на овој проект. Во рамките на ЕУ-проектот ќе се доделат дополнителни три грантови на организации од граѓанското општество.

Проект ќе се спроведе во периодот од јануари 2016 до јануари 2019. Вкупниот буџет на проектот е околу 221.00 евра, во кои Европската Унија учествува со 199.000 евра.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје