На претседателските избори во Словенија ниеден од тројцата кандидати не го доби потребното мнозинство гласови, а со оглед на досегашните резултати, во вториот круг ќе се натпреваруваат актуелниот шеф на државата Данило Тирк и екс премиерот Борут Пахор.
Според анкетата, која ја направи агенцијата Медиана, Пахор добил 41, 9 насто од гласовите, Тирк 37, 2 а Милан Звер, третиот кандидат и близок на Јанез Јанша, 20, 8 насто.
Излезеноста во првиот круг на претседателските избори во Словенија според објавените резултати изнесува 37,2 насто, а право на глас имаа 1,73 милиони гласачи.