Ослободени двајца од уапсените на аеродромот во Амстердам, третиот останува во притвор

Од:

Холандските власти ноќеска ги ослободиле двете лица кои биле приведени заради закана за безбедноста на аеродромот во Амстердам „Схипхол“, пренесе ТАСС.

Третото лице, приведено, исто така, на аеродормот во текот на изминатата ноќ, останува во притвор, но детали за него засега не се кажуваат.

Според податоци на органите на прогонот, уапсениот бил приведен по сигнализација од граѓани, според кои тој чудно се однесувал, па заради тоа тие и се обратиле во полицијата.

Од безбедносни причини аеродромот неколку часа беше делумно евакуиран и тоа доведе до собирање на поголема група луѓе. На аеродромот биле повикани и експерти за деактивирање експлозиви со роботи-деминери. Во багажот на сомнителниот маж не било најдено ништо сомнително,  меѓутоа, тој и покрај тоа останува во притвор.

Синоќа биле приведени и уште две момчиња. По проверката на нивниот багаж тие биле ослободени.

Претставници на аеродромските власти информираат дека сега аеродромот во Амстердам работи под нормален режим.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина