Холандската полиција уапси засега неидентификуван човек на амстердамскиот аеродром „Схипхол“, во рамки на истрага „поврзана со сомнителна ситуација“.
Како што јавија холандските медиуми поради безбедносни закани аеродромот беше делумно евакуиран синоќа во периодот од 21:30 до 01:30 часо.
– Полицијата евакуираше дел од паркингот пред аеродромот и го опколи хотелот „Шератон“, при што уапси едно лице поради „сомнителна ситуација“, изјави потпаролката на аеродромот Даниел Тимер, додавајќи дека нема други информации.
Засега се уште не позната причината за спорведената евакуација, а не се знае ниту идентитетот на уапсениот човек, чиј багаж е претресен поради сомнеж дека во него има експлозив.
Уште едно лице е упасено недалеку од станицата Лајден поради „лажен дојава за опасност“, соопшто потпарол на полицијата во Хаг, додавајќи дека е уапсено и трето лице на аеродромот, но дека овие два случаи не се поврзани со евакуацикацијата и спорведената акција во „Схипхол“
Безбедносните мерки на аеродромот се се уште зголемени, но летовите се спроведуваат според редовниот распоред.