Во 13 сообраќајки, повредени пет лица

Од:

Пет лица се полесно повредени во изминатите 24 часа во 13 сообраќајни несреќи што се случиле во главниот град. На подрачјето на град Скопје се случиле вкупно 13 сообраќајни незгоди. Пет лица биле полесно повредени во три сообраќајни несреќи, а во 10 причинител е материјална штета.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени се и санкционирани се поголем број прекршоци.

Десет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, седум возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор и 13 возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Санкционирани се и седум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 54 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ОУ „Глигор Прличев“, како и со деца од градинката „Детска радост“, општина Гази Баба,

Сообраќајната полиција ќе преземе мерки за безбедно одвивање на сообраќајот поради фудбалски натпревар помеѓу ФК Работнички и ФК Брегалница Сандански во рамки на Купот на Македонија во фудбал, што треба да почне во 16 часот на арената „Филип Втори“.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава