Во Грција уапсен бегалец, со 418 килограми марихуана

Од:

Грчката полиција уапсила 29-годишен албански државјанин, откако во неговиот стан во Атина пронашла 418 килограми марихуана, пиштоли, куршуми, гранати и детонатори.

Уапсениот во 2010 година избегал од затворот во Лариса, каде издржувал затворска казна за шверц со дрога, од кога грчката полиција имала распишано потерница по него.

Полицијата по оперативен пат имала информации за внесената дрога и оружјето од Албанија и по истрагата извршила претрес во станот на албанскиот државјанин, што покажало дека станот е вистински магацин за дрога и оружје.

При претресот пронајдени се и запленети 418 килограми марихуна, два пиштола, еден придушувач, три гранати, еден детонатор за бомба, девет детонатори со жица, околу 950 куршуми, три прецизни електронски ваги, 870 евра, три мобилни телефони и фалсификуван документ за престој.

Според грчката полиција уапсениот е дел од шверцерска група на дрога и оружје од Албанија за Грција.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски