Припадник на француските сили распоредени во Мали, го загуби денеска животот во операцијата што се водела на северот од Мали.
Според соопштението на Елисејската палата, кое го пренесува дописникот на МИА од Париз, војникот го загубил животот при експлозија на мина, на која нагазило неговото блиндирано возило.