Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да ја продолжи низата победи на фјучрсот во Истанбул (награден фонд 50.000 долари).
По трите победи во квалификациите денеска во 1.коло ја победи квалификантката Фреја Кристи од Велика Британија со 2:1 во сетови, а во вториот сет не искористи меч топка. Во следната рунда нашата тенисерка ќе игра третата носителка Полина Лејкина од Русија (190.место на ВТА листа).
Во дуелот со Кристи, Ѓорческа првиот сет го доби со 6:4 во гемови, а во вториот сет при резултат од 5:3 во гемови нашата тенисерка имаше меч топка, која не ја искористи и сетот го загуби со 7:5 . Во решавачкиот сет беше 7:6 за Ѓорческа, а тај брекот заврши со 7:4 на поени.
Утре Ѓорческа со Турчинката Перма Озген ќе игра во 1.коло во двојки против третите носителки Ленка Кунчикова и Каролина Стухла од Чешка.