(ВИДЕО) Заев: Се шири фронтот за демократска Македонија, се вклучи и десната партија Достоинство

Од:

„Бројот на потписниците во функција на поддршка на Платформата за демократска Македонија расте.

Денеска потпишаме со една десна партија. Тоа е партијата Достоинство на Стојанче Ангелов, којшто е сериозен опозиционер и вистинска десница во Македонија“, рече на денешната прес конференција, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Тоа само по себе покажува дека сите се обединуваме без разлика на нашата определба дали сме десница, левица или центар.

Се работи за Македонија и за иднината на нашите граѓани.

Јас сум убеден дека бројот на поддршката на Платформата ќе расте. Очекуваме да се приклучат уште многу други политички партии и здруженија на граѓани.

Ги повикуваме сите интелектуалци, земјоделци, вработени и невработени граѓани да стават свој потпис и да застанат зад овие вредности коишто секоја нормална земја треба да ги има. Тоа се регуларни, фер и демократски избори.

Заедно да ја вратиме правдата и правичноста во нашата држава. да ги департизираме институциите. Да ги вратиме слободата на медиумите и слободата на говорот. Да создадеме општество достоинствено за почит.

Преку потпишувањето на оваа Платформа испраќаме силна порака: НЕ за организација на уште едни криминали и нефер избори во Македонија“, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски