Женската тениска репрезентација на Македонија денеска ја победи Ерменија со 2-1 во 1.коло од Б групата од Третата Евро-африканска зона.
Водство на Македонија и донесе Катарина Маринковиќ по победата над Луси Чобанијан со 6:3 и 6:0 во сетови.
Во вториот меч Магдалена Стоилковска загуби од Ани Амирагјан со 6:0 и 6:2 во сетови.
Решавачката победа се случи во играта на двојки. Стоилковска и Маринковиќ беа поуспешни од Амирагјан и Ани Сафарјан.
Утре Македонија ќе игра против носителот во групата Република Ирска, која во 1.коло денеска го победи Исланд со 2:0.
Македонија на овој натпревар од Фед купот игра без најдобрата тенисерка Лина Ѓорческа, која настапува на фјучрсот во Истанбул.