Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласира на главниот турнир на фјучрсот во Истанбул што се игра за награден фонд од 50.000 долари.
Таа во третото квалификациско коло денеска беше подобра од чешката тенисерка Каролина Стухла со 2-0, по сетови 6:2 и 7:5.
Првиот сет Ѓорческа лесно го доби со два брејка, додека во вториот и покрај трите гема освоени на сервис на противничката, беше неизвесно до самиот крај, бидејќи и Стухла направи два брејка.
Во очекување на својата противничка за 1.коло на главниот турнир, со самиот пласман меѓу најдобрите во Истанбул, Ѓорческа ќе освои нови поени на ВТА листа каде моментно се наоѓа на 311.место.