Прво судење за новогодишните сексуални напади

Од:

Марокански државјанин денеска се соочи со судот во Дизелдорф во првиот процес за сексуалното насилство што се случи за Нова година во неколку германски градови. Најголем број од нападите врз жени, повеќе од 550 се случија во Келн, јави дописникот на МИА од Берлин.

Досега за истите настани неколку Северноафриканци беа обвинети за кражба, а полицијата која досега пронајде повеќе од 70 учесници на настаните смета дека некои од напаѓачите никогаш нема да бидат пронајдени.

Мароканецот на возраст од 33 години кој се соочува со затворска казна бил идентификуван како напаѓач откако една од жртвите го видела како дава изјава на телевизија.

Според обвинението, Мароканецот идентификуван како Туфик М. бил дел од група од дваесетина луѓе кои што ги опкружувале жртвите и сексуално ги злоставувале. Според повеќе од 1.000 поплаки од жени од неколку поголеми германски градови напаѓачите биле од Северна Африка, а медиумите пренесоа дека тие во Германија дошле илегално или имаат статус на баратели на азил. Сексуалните напади за нова година значително влијаеа на политичката ситуација во Германија и на зголемување на рејтингот на крајно десничарската партија АФД која на регионалните избори во март освои двоцифрена поддршка во трите покраини каде што се одржаа избори.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски