Отворен повик за годишната награда „Ладислав Баришиќ” на здружението АИКА

Од:

Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија распишува јавен повик за пријавување истражувачки проект од областа на ликовната критика, историјата на уметност и кураторските и интердисциплинарните практики во Македонија за годишната награда „Ладислав Баришиќ”.

Конкурсот е отворен од 11. април до 10. мај 2016 година.

Право на учество имаат историчари на уметноста, критичари, теоретичари, интердисциплинарни истражувачи и други профили на креативни автори поврзани со ликовните и визуелните уметности во Македонија, освен членовите на У.О. на АИКА Македонија. Тие треба да се државјани на Македонија или пак странски државјани кои живеат и работат на територијата на Македонија повеќе од една година.

Како што соопшти АИКА конкурсот е отворен за проекти кои ликовната критика ќе ја препознаат како практична дисциплина која теориски ја интерпретира тековната уметничка продукција и иницира нејзината артикулација во контекст на современите уметнички продукции.

За изборот ќе одлучува тричлено стручно жири, при што на авторот на избраниот проект ќе му биде доделена награда во висина од 30.000 денари во бруто износ. Добитникот на наградата ќе биде известен најдоцна до 1. јуни 2016 година.

Наградата го носи името на ликовниот критичар и историчар на уметност Ладислав Баришиќ (1941-1991), кој во рамките на ликовната публицистика беше активен во периодот од 1972 до 1986 година.

Би можело да ве интересира

Нада Пешева добитник на наградата за ликовна критика „Ладислав Баришиќ“

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска