Ракометарките на актуелниот европски шампион Будуќност се последните кои обезбедија пласман на завршниот „Фајнал-фор“ турнир во Лигата на шампионите.
Црногорскиот претставник по втор пат беше подобар во четвртфиналето од романската екипа Баја Маре. Синоќа пред својата публика во Подгорица, Будуќност победи со 32:25. На првиот меч беше 29:24.
На тој начин Будуќност го комплетира квартетот екипи заедно со, македонскиот првак ЖРК Вардар, унгарски Ѓер и романската екипа ЦСМ Букурешт, кои на 7 и 8 мај во Будимпешта ќе се борат за шампионскиот трофеј.
Кој против кого ќе игра во полуфиналето ќе се знае по жрепката закажана за в петок (15 април) во Будимпешта со почеток од 11 часот.