ФОТО: Со графити, стенсили и стикери за проблемите на младите

Од:

„Сакам да живеам со вас, не покрај васˮ, „Боли и на сопствена кожаˮ, „Кога ќе пораснам сакам да останам во Македонијаˮ. Ова се само дел од 12 јавни кампањи за застапување што 30 млади луѓе од Скопје и Македонија ги работат во рамки на проектот Уметност и дизајн за застапување.

5a

Проектот го спроведува Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа, Скопје, со финансиска поддршка од Амбасадата на САД во Република Македонија. Партнер во проектот е општина Центар, која ќе овозможи јавни површини низ центарот на Скопје на кои ќе се пресликаат сите јавни кампањи.

3a

Во проектот се вклучени 15 млади учесници од Скопје и 15 од други градови во Македонија. Тие преку графити, стенсили, постери, стикери, фотографии ќе испратат порака до јавноста за горливи проблеми и прашања што ја засегаат младата популација во земјата. Во тек е втората работилница од проектот на која учесниците смислуваат кои уметнички и дизајнерски техники ќе ги изберат за да ги претстават нивните кампањи пред јавноста. Таа почна на четврти април и трае до седми април. Се одржува во Канцеларијата за млади на општина Центар. Со нив работат илустраторот и дизајнер Горан Костовски Индог, стрип илустраторот Игор Јовчевски и теоретичар на стрип уметноста, Бошко Караџов.

1aa

Првата работилница се одржа во декември. Во следниот период учесниците визуелно ќе ги претстават нивните кампањи на ѕидови и ќе цртаат графити и стенсили. Проектот трае до септември годинава, кога ќе се одржи јавен настан на кој учесниците јавно ќе ги презентираат кампањите и за што ќе се застапуваат во иднина.

1a

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски