Дејвид Камерон го објави извештајот за исплата на своите даночни обврски

Од:

Британскиот премиер го објави извештајот за исплата на своите даночни обврски кон државата, како што бараше опозицијата и со неа блиските медиуми, но и мнозинството од Британците.

Тој е првиот премиер во политичката историја на земјата кој објавува детали за тоа кога и како платил данок, како и на колку од основиците за плаќање на данокот бил ослободен, во настојувањето да ја смири атмосферата во британската јавност, која се разбранува по објавувањето на „Панамските документи“.
Станува збор за даночни исплати во периодот меѓу 2009 и 2015 година, од кои се разбира и за две имало две исплати од по 100 илјади фунти, откако Камерон претходно наследил по смртта на татко му, 300 илјади фунти.
Тоа се пари, дадени како подарок од мајка му, кои сега предизвикаа ново бранување во лондонските медиуми.
Опозициските лабуристи сепак не се задоволни од она што досега го направи премиерот и бараат од него дополнителни податоци околу имотната листа и платените даноци.
„Историското“ појавување на даночните листи на премиерот и барањата на опозицијата доаѓаат по обелоденувањето на резултатите од анкетата дека големо мнозинство Британци побараа Камерон да ги објави сите детали од своите даночни исплати кон државата.
Дури 73 отсто од учесниците во истражувањето сметаат дека премиерот треба да даде дополнителни детали околу тоа, како и колку данок платил во Британија, во периодот пред да влезе во Даунинг стрит 10, со оглед дека имал акции во оф-шор фирма на Британските Девствени острови, покажува анкетата спроведена од британската телевизија Скај.
Според истото истражување, 57 отсто од луѓето, сега помалку му веруваат на премиерот, отколку пред појавувањето на случајот „Панамски документи“ и откритието дека неговиот починат татко и неговата фирма „Балтимор Инвестмент“ на Девствените острови, се меѓу оние кои ги користеле услугите на контроверзната панамска адвокатска фирма „Мосак Фонсека“.
Дејвид Камерон претходно, ги отфрли обвинувањата од опозицијата и од пролабуристичките медиуми околу неговата поврзаност со оф-шор фирмата на неговиот татко, иако призна дека имал акции во фирмата, кои ги продал пред да стане британски премиер, во мај 2010 година.
– За целата таа трансакција имам платено данок на профитот остварен при продажбата, изјави Камерон во интервју за британската телевизија Ај-Ти-Ви њуз.
Во тоа интервју, тој вели дека целиот случај е подигнат врз „погрешното разбирање“ и тврдењето дека фирмата на татко му „Балтимор инвестмент“ е создадена за да помага неплаќање данок.
Политичките противници на Камерон сметаат дека не се доволни неговите досегашни објаснувања, како и потврдите што ги дава Даунинг стрит 10 дека акциите биле продадени во јануари 2010 година, како и дека ги има платено даноците на британската Управа за приходи.
Лидерот на лабуристите, Џереми Корбин изјави дека Камерон останува виновен затоа што не и ја кажал вистината на британската јавност и затоа ја има загубено и довербата на луѓето.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство