Кривична пријава за скопјанец за производство и препродавање дрога

Од:

Секторот за внатрешни работи-Скопје, Единица за недозволена трговија со дрога, поднесе кривична пријава против И.С. (29) од Скопје поради основано сомневање дека извршил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што информира денеска МВР, на 8 овој месец на улицата „Кајларска“ од полициски службеници било извршено легитимирање и преглед на пријавениот, кој бил во друштво со уште две лица. При прегледот, И.С. доброволно предал четири зипер ќесички со непозната растителна материја.

Врз основа на судска наредба, истиот ден бил извршен претрес во домот на пријавениот. Таму се пронајдени 20-тина ќесички со непозната растителна материја, едно зипер ќесиче во кое имало осум семки од непознато растение, една зипер ќеса во која имало седум непознати таблети и една дигитална вага, сива боја со остатоци од непозната растителна материја.

Пронајдените предмети, кои се пронајдени при личниот преглед кај пријавениот, како и при претресот во неговиот дом, со потврда за привремено одземени предмети се предадени за вештачење во ОКТИВ при МВР.

Констатирано е дека растителната материја од четирите зипер пакувања е со вкупна нето маса до 3,96 грама и претставува наркотична дрога марихуана. Растителниот материјал одземен при претресот на домот е со вкупна нето маса од 114,1 грам, а на површината од дигиталната вага констатирани се траги од растението канабис и траги од кокаин. Осумте семки потекнуваат од растение канабис, а констатирана е активна компонента во седумте таблети – 3,4 (MDMA)-психотропна супстанца-стимуланс.

Пријавениот минува во полициската крим евиденцијата како извршител на три тешки кражби.

Би можело да ве интересира

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ

МВР уапси двајца крадци кои краделе домашни животни

Пуштиле осуденик на слобода зошто немало место во затвор, кривична за тројца битолски полицајци

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Бројни советници по кабинети, масовна партизација на грбот на граѓаните и во МВР

Горан Наумовски