Главниот одбор на Алијансата за позитивна Македонија, како втора вонпарламентарна партија по бројот на признаени гласови од последните парламентарни избори (над 11 илјади гласови) на седницата одржана на 09 Април 2016 година, ја анализираше актуелната политичка состојба во Македонија и одржа внатрепартиски избор за претседател на Партијата.
АПМ смета дека договорот на 4-те политички партии од јуни и јули 2015 година, на кои гаранти беа и претставниците на меѓународната заедница (ЕУ и САД), не се исполни или исполнува во целост, а особено во најосетливите и најзначајните делови за одржување на фер, демократски, кредибилни избори што на идниот парламент и влада треба им дадат полн легитимитет од страна на граѓаните за да ја водат државата.
Поради тоа Алијансата за позитивна Македонија нема да учествува на изборите што се предвидуваат да се распишат за 5 јуни 2016, под овие услови и околности и доколку меѓународната заедница како гаранти на Пржинскиот договор не гарантира дека се создадени условите за фер и демократски избори, како предуслов да Република Македониа добие препорака за започнување на преговорите за членство во ЕУ.
На седницата за Главниот избор на АПМ се одржаа и внатрепартиски избори, со што преку тајно гласање и мнозинство на гласовите на членовите на Главниот одбор, за претседател на Алијансата за позитивна Македонија и избран универзитетскиот професор Рубин Земон.