Во српски камиот откриени 44 илегални мигранти

Од:

Над четириесет нелегални мигранти од земји од Блискиот и Среден исток се откриени утрово во српско товарно возило во правец на северниот граничен премин Табановце, информираше Министерството за внатрешни работи.

Полициските службеници утрово околу 4,15 часот на автопатот автопатот Куманово-Табановце, во близина на граничниот премин со Србија, откако забележале паркирано товарно возило „фиат дукато“ со српски национални ознаки кое имало издишана гума се упатиле кон него. Притоа лицето кое го управувало возилото, веднаш се дало во бегство.

При контрола во просторот за товар, пронајдени се вкупно 44 мигранти од Авганистан, Сирија и Пакистан. Лицата се приведени во СВР-Куманово за натамошна постапка, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он