Јакимовски: ГРОМ е подготвена за избори на 5 јуни

Од:

ГРОМ е подготвена за изборите на 5 јуни и ја поддржува одлуката на Собранието за распуштање. Иако немавме разбирање за отстапките кои се правеа кон СДСМ, сметаме дека е добро што се толерираа, бидејќи конечно се разобличи намерата на Зоран Заев под никој услов да не одат на избори.

Ова денеска на партиска прес-конференција го порача лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, кој потенцира дека Заев, на секое задоволување на негово барање, поставува ново, со цел да најде причина за одложување на изборите.

– Ако Заев и СДСМ учествуваат на изборите ќе ги загубат, а потоа ќе следи смена на раководството на партијата и државата ќе продолжи да функционира во нормален тек. Понатаму, ќе нема никаква причина да испорачува барања ни до власта, ни до меѓународната заедница, и практично ќе нема никаква реална основа да ја вознемирува македонската јавност, посочи Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Централна пошта да стане Градски инспекторат и Центар за урбано планирање

Катерина Ѓуровски

Трајановски: ГТЦ ќе биде дом на градот, младите и културата – повторно симбил на Скопје

ГРОМ: Згрозени сме од одлуката на АВМУ Левица биде исклучена од покривање на трошоците за медиуми во кампањата за локалните избори

Катерина Ѓуровски

Гром уби човек во Црна Гора

А1он

Од удар на гром во САД: Загина маж, 13 повредени, четири деца се хоспитализирани

Тројца загинати и четворица повредени – гром удри на плажа во Русија

А1он