Нов директор на Музеј на современа уметност е Лазе Трипков

Од:

Лазе Трипков е новиот директор на Музејот на современа уметност. Тој е избран со решение на Министерството за култура по објавениот конкурс за избор на директор на оваа институција. Трпков доаѓа на местото на Елиза Шулевска која беше директор на МСУ во два мандати.

Трипков е визуелен уметник и графички дизајнер чиј интерес се дигитланите технолошки процеси наспроти социјалниот дизајн. Во 2006 година го оснoва Здружените на граѓани од областа на графичкиот дизајн, филм и мултимедија ПЛАКАРТ, кое активно работи на промоција на визуелните уметности, улогата на плакатот и уметничките влијанија во контекст на современите социјалните проблеми, со што мултидисциплинарно пристaпува кон обединување на визуелните уметностипреку нејзините најдиректни форми на делување.

Бил член на жири на повеќе реномирани манифестации, меѓу кои: наградата Јозеф Биндер – Австриска национална награда за дизајн;13 Биенале за театарски плакат во Жешов, Полска; Виртуелно Биенале за плакат во Прага во 2013 и 2014; Poster for tomorrow, Париз; член на програмскиoт совет на Варшавско Биенале…Како дополнителен мотив за успешно промовирање и ширење на вредностите на дизајнот и уметноста, во 2011 ja основаплатформата Недела на дизјанот во Скопје (Skopje Design Week), каде активно учествува се до 2014 година.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска