Левица: Бојкот на изборите и протести за рушење на режимот

Од:

„Левица го поздравува бојкотот на изборите на 5ти јуни кој вчера го најави СДСМ и изразува надеж дека СДСМ овојпат ќе остане доследен на овој став. Истовремено, ги повикуваме сите антирежимски партии да ги бојкотираат еднострано закажаните избори.

Последните случувања околу изборите се само потврда на нашиот одамна изнесен став дека до фер избори не може да дојде преку никакви договори со корумпираниот и криминален режим. До фер избори може да дојде единствено преку експертска влада, која би имала мандат од барем една година за да се обезбедат минимум услови за регуларни избори.

До ваква влада не може да се дојде преку патронат од меѓународната заедница, која е обременета од многу поголеми проблеми, заради што нема енергија и волја да се вклучи поинтензивно во решавањето на македонската политичка криза. До ваква влада може да се дојде единствено преку притисок од македонските граѓани.

Македонија е на крстопат! Автократскиот режим реши да го спречи процесот на враќање на демократијата, но нема да му успее! Никој не е посилен од народот! Ги охрабруваме граѓан(к)ите да не го губат моралот во ова најново премрежје, зашто, колку и да биде тешка борбата, ние ќе победиме!

Календарски, пролетта дојде пред петнаесетина дена. Време е да дојде и до општествена пролет. Време е да ги заживееме протестите!

Се гледаме на барикадите“, се вели во соопштението на ЛЕВИЦА.

Би можело да ве интересира

Левица: 25 години Карпалак – 25 години без правда за бранителите

Левица: 50 хектари плодна земја чекаат фабрики што никогаш не дојдоа

Левица: Владата ветуваше олеснување, Македонија остана на американската визна листа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна како „талогот“ и работи во координација со странски центри

Левица: Во изминатите три децении и СДСМ и ДПМНЕ постепено ја испразнија и обезличија асномската идеја

А1он

Левица: Бид Бук не е дозвола за набавка без тендери туку проектна апликација – Мицкоски ја манипулира јавноста за „Скопје 2028“