Алексов: МОСТ посетена од Финансиска полиција

Од:

Извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов на денешната прес-конференција потврди дека во понеделникот невладината организација била посетена од финансиска полиција, која им дала неколку дена да ја средат документацијата, за подоцна да биде разгледана од инспекторите.

„Во понеделникот имавме состанок со Финансиската полиција на кој разговаравме со инспекторите. Коректно и прецизно ни побараа да ја подготвиме нашата документација и ни дадоа неколку дена за да ја доставиме. „Мост“ работи во согласност со законските прописи и ги почитува законите на Македонија, изјави Алексов.

Ова претходно го објави и го критикуваше белгискиот експерт Питер Ванхауте на профил на социјалната мрежа Твитер:

„Награда за Владата што испраќа финансиска инспекција за да замолчи невладина организација која има критички став кон организирањето избори“, напиша Ванхауте.

Би можело да ве интересира

Клишас: Во украински „терористички“ напад загинаа седум лица

Русија: Машиновозач загина, a бебе e тешко повредено при уривање на мост врз патнички воз

(ВИДЕО) Два надвозници се урнаа во различни руски региони што граничат со Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна мост во Русија, падна врз воз, најмалку седум мртви, десетици се повредени

(ВИДЕО) Се урна мост во Јужна Кореја, има загинати и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов револтиран поради мостот кај Визбегово: Некој може да биде убиен од овие коцки

А1он