Ученици од настава по словенечки јазик на фестивал во Љубљана

Од:

Ученици од дополнителната настава по словенечки јазик ќе учествуваат на 14. Меѓународен фестивал „Детски театарски соништа“ во Љубљана.

Тие денеска во Фестивалската сала во Љубљана ќе ја изведат претставата „Павлиха не сака да оди во училиште“ според делото на словенечкиот автор Томаж Лапајне Деклева, во режија на Бојан Лазаров. Улогите ќе ги играат шест деца под менторство на Плиска Гугуловска.

Проектот е финансиран од Бирото на Владата на Словенија за Словенци зад границите и светот.

Дополнителната настава по словенечки јазик во Македонија е финансирана од Министерството за образование и спорт на Словенија и словенечкиот Завод за школство.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он