Благој Стефановски во меѓународното жири на Фестивалот „Театарска пролет“ во Шабац

Од:

Битолчанецот Благој Стефановски, претседател на НЕТА (Нова Европска Театарска Акција) е избран за член на меѓународното стручно жири на фестивалот „Театарска пролет“, кој од 11 до 18 април ќе се одржува во српскиот град Шабац.

Во изјава за МИА Стефановски вели дека ја прифатил поканата на фестивалот во Шабац затоа што станува збор за квалитетен театарски настан, организиран според високи стандарди и респектабилен собир на театарските уметници.

– Годинава на фестивалот ќе бидат одиграни 8 претстави и заедно со актерите Милена Зупанчиќ и Емир Хаџихафисбеговиќ, како членови на жирито ќе се обидеме да ги наградиме најдобрите. Потврда за квалитетот на овој културен настан е и составот на Советот на фестивалот во кој меѓудругите се и актерите Мира Бањац, Воја Брајовиќ, режисери и други театарски работници. При одлучувањето и доделувањето на наградите ќе ги имаме пред вид најдобриот драмски текст, сценографија, костими, оригиналната музика, кореографијата и секако улогите што ќе ги толкуваат актерите, истакна Стефановски.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он