Во Кавадарци отворена изложба на графики од Андријана Мациев

Од:

Во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци, синоќа беше отворена изложба на графики од ликовниот уметник Андријана Мациев, член на ДЛУМ.

-Таа досега има повеќе самостојни и групни изложби. Учествува во колонии и други манифестации во и надвор од земјата. Добитник е на повеке награди. На изложбата во Кавадарци под наслов „Живот во бои“, се претставува со триесетина графики, со што само ја потврдува својата определба. Нејзиниот графички израз е силно звучен и со чист опсег. Такви се и делата од новата фаза на творење на оваа македонска ликовна уметничка, рече нејзиниот колега, ликовниот уметник Горан Боев од Кавадарци.

Покрај Боев, на изложбата во Кавадарци, за биографијата на Мациев говореше актерот Александар Малинков. Тој меѓу другото ги потенцираше изработката на рачна хартија од Мациева и сликањето со вино.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“