Во Велешкиот театар гостува ансаблот на театарот „Бора Станковиќ“ од Врање

Од:

На големата сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечер гостува ансамблот на театарот „Бора Станковиќ“ од Врање со претставата „Три сестри“ од Антон Панович Чехов во режија на Трајче Ѓорѓиев, кој ја направи и сценографијата, а негов е и изборот на музиката.

Претставата премиерно беше изведена на 22 октомври 2015 година во рамки на 35.„Боринини театарски денови“, посветени на Бора Станковиќ.

Во претставата „Три сестри“ играат 13 актери меѓу кои: Милена Стошиќ, Радмила Ѓорѓевиќ, Кристина Јањиќ Стојановиќ, Жетица Дејановиќ, Марко Петричевиќ, Александар Михајловиќ, Саша Стојановиќ, Марина Петричевиќ.

„Три сестри“ е безвременска приказна на Чехов за сестрите Оља, Маша и Ирина и нивниот брат Андреј и сите околу нив кои од Москва дошле да живеат во провинција и никогаш не се вратиле, а животот им е во постојан копнеж по Москва и подобар живот. Влезот за претставата е бесплатен.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он