Луѓето од тимот задоволни, Иџе не е од дебито во ЕТЦЦ

Од:

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, дебито во Европскиот куп на кружни патеки (FIA ETCC), на патеката Пол Рикар во Франција го заврши со два освоени бода и пласман на седмото место во втората трка, откако на првата заврши без бодови како 11-ти.

– Лично, сум разочаран од малерозниот викенд, не успеав да покажам се што знам и мислам дека можам да сум далеку подобар од постигнатиот резултат во Франција. Луѓето од тимот се задоволни од постигнатите времиња во текот на целиот викенд со оглед на условите што ги имав и пеховите што ми се случија. Се надевам дека за две недели на следната трка во Словачка ќе имаме повеќе среќа и ќе постигнеме подобар резултат, изјави Иџе.

Со возилото Сеат Леон Иџе настапува за словенечкиот тим Лема Рејсинг.

Би можело да ве интересира

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Седан верзијата на „Пасат“ заминува во историјата

А1он

На патеката кон Пониква се возеше втората трка од Државниот шампионат во автомобилизам

Ана Ололовска

Ристо Вуков Рико и Халк Осигурвање – пријателство кое продолжува и во 2021

Ана Ололовска

Давидовски: Подобри сме од лани, но нашата цел е повисока

Нашиот автомобилист Ристо Вуков – Рико ја вози првата трка од купот Порше Карера Италија

Жарко Настоски