Слаломот во Леви за Марија Риш

Од:

Германската скијачка Марија Хефл-Риш, победи на првот слалом во новата сезона, кој во рамките на Светскиот куп се возеше во финскиот ски центар Леви.

Хефл-Риш, до победата стигна со вкупно време од 1:55.58 минути, што за 55 стотинки беше побрзо од второпласираната, домашна натпреварувачка Тања Поутиаинен, која беше најбрза по првата трка. Американката, Микаела Шифрин, со послабо време за 74 стотинки од победничката го освои третото место.

Актуелната победничка во Светскиот куп, во оваа дисциплина, Марлиз Шилд, не ја заврши трката, додека победничката на првата трка во сезоната, велеслаломот во Зелден, Тина Мазе од Словенија го освои четвртото место. Слаломот во Леви не го возеше бранителката на големиот Кристален глобус, Линдзи Вон.

Тина Мазе, по две трки води во вкупниот пласман со 150 бодови, 26 повеќе од Хефл-Риш.

Светскиот куп во женска конкуренција ќе продолжи на 24. ноември кога во Аспен , САД, ќе се вози трката во велеслалом.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ