Советот на Скопје ќе расправа за поставувањето орел и крст во Бутел

Од:

Советот на Град Скопје на денешната седница треба да ја разгледа Информацијата за процедурата за поставување, како и за учеството на градоначалникот Коце Трајановски и советници во настаните околу поставувањето на споменик – двоглав орел и крст на улици под ингеренции на Градот.

Советниците ќе расправаат и за Информацијата за застапеноста на националностите во администрацијата на Град Скопје и во институциите и препријатијата основани од Градот.

На дневен ред, меѓу другото, се и предлог одлуките за престанок и за давање на трајно користење движна ствар на ЈУ Дом на културата „Кочо Рацин“-Скопје, за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници, за утврдување на цените на услугите за користење на Жичарницата Секција 1, Средно Водно-Милениумски Крст и лифтот на Милениумски крст-Водно, како и извештаите за работењето на јавните  установи  на Град Скопје за 2015 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он