Собранието треба да ги констатира оставките на министрите од ДУИ

Од:

Собранието на Република Македонија денеска на пленарна седница треба да ги констатира оставките на министрите и замениците министри од ДУИ и, како што се очекува, да ги избере новите министри што синоќа ги предложи партијата.

Врз основа на едногласната одлука на Централното претседателство на ДУИ, како и своите статутарни надлежности, претседателот на партијата Али Ахмети одлучи да предложи сосема нови кандидати за министри, соопшти ДУИ.

Фестим Халили е предложен на местото заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, Арбер Адеми за заменик претседател на Влада задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Валдет Џафери за министер за правда, Пиштар Лутфиу за министер за образование и наука, Дритон Кучи министер за економија, Башким Ахмети за министер за животна средина и просторно планирање, Шухрете Елези за министер за локална самоуправа, Арлинд Зеќири за министер без ресор задолжен за странски инвестиции. Беким Максути е предложен за заменик министер за одбрана, Агим Нухиу за заменик министер за внатрешни работи, Фатон Положани за заменик министер за транспорт и врски и Гзим Беадини за заменик министер за финансии.

Претседателството на ДУИ во четвртокот одлучи сите нивни министри и заменици да поднесат неотповиклива оставка, а за сите понатамошни чекори околу учеството на партијата во Владата да решава партискиот лидер Али Ахмети.

Во петокот оставки до Владата поднесоа досегашните министри Муса Џафери, Фатмир Бесими, Беким Незири, Абдилаќим Адеми, Нурхан Изаири, Аднан Јашари и Лирим Шабани, како и замениците-министри Ардиан Џеладини, Неметула Халими, Земри Ќамили и Илми Селами.

Согласно собранискиот Деловник, Парламентот на пленарна седница само ги констатира оставките. Можно е новите министри на ДУИ да бидат избрани во рамки на денешната 98. седница на Собранието, со дополнување на дневниот ред.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски