Шефот на црногорската дипломатија поднесе оставка

Од:

Црногорскиот министер за надворешни работи и евроинтеграции Игор Лукшиќ денеска поднесе оставка на функцијата, со цел, како што најави, да може целосно да се посвети на својата кандидатура за генерален секретар на ОН.

По средбата со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, Лукшиќ во изјава за новинарите рече дека побарал од претседателот на Владата да започне постака за избор на нов шеф на дипломатијата, додавајќи дека не знае кој ќе го наследи на функцијата.

Тој при тоа ги отфрли како неточни гласините дека неговото заминување од Владата е поврзано со судири во редовите на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) на Ѓукановиќ.

Како што јави Хина, осврнувајќи се на својата кандидатура за генерален секретар на ОН, Лукшиќ нагласи дека засега во трка за оваа функција се седум кандидати, главно од земјите од Источна Европа.

– Постои некој вид очекување, но и морален аргумент, идниот генерален секретар да биде од земја која и припаѓа на источноевропската група. Тоа, меѓутоа, не е никаде прециизрано и не е цврсто правило, па можни се секакви кандидатури, рече Лукшиќ.

Тој нагласи дека е убеден оти на крајот за нов генерален секретар на ОН сепак ќе биде избран некој од кандидатите од Источна Европа, што според него, ќе претставува „голема афирамција за регионот во поширока смисла и ќе овозмжи тој да биде посилно присутен на глобалната сцена“.

Покрај Лукшиќ, кандидати за нов генерален секретар на ОН се и поранешните министри за надворешни работи на Македонија, Хрватска и Молдавија, Срѓан Керим, Весна Пусиќ и Наталија Герман, поранешниот словенечки претседател Данило Тирк, генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова и поранешниот португалски премиер Антонио Гутиериш.

Би можело да ве интересира

Поддршка од Црна Гора за евроинтеграциите на нашата држава

(ВИДЕО) Хаос во Подгорица: Солзавец и шок бомби

А1он

Црногорскиот митрополит Амфилохие прогласен за хомофоб на годината

Емир Латифовиќ