Археолози од универзитетите во Саутхемптон и Оксфорд во соработка со археолозите од Музејот во Куманово денеска го завршија еднонеделното истражување на локалитетот Костоперска Карпа во Младо Нагоричане.
– Истражувањата во кои се вклучени комбинирани, мултидисциплинарни техники ќе продолжат и во наредните две недели, информираше денеска на прес-конференција Анита Цветановска, директор на НУ Музеј Куманово.
Археолозите се вклучени во овој петгодишен проект врз основа на договорот кој Кумановскиот музеј го склучи минатата година со трите престижни универзитети од Велика Британија – Оксфорд, Саутхемптон и Единбург. Покрај Костоперска Карпа, ќе се истражуваат и локалитетите Визијанус и Градиште.
– Се надевам дека ќе направат голем број откритија по што ќе следува сумирање на сознанијата. Ова се реализира во директна соработка на трите унивезритети, но нашите проекти, неврзано со овој проект, се поддржани од Министертвото за култура на Република Македонија, рече Цветановска.
Археологот Драгана Младеновиќ од универзитетот од Саутхемптон изјави дека кога пред две години првпат ја посетиле Македонија и ја виделе областа, го увиделе потенцијалот на овој реон, а клучна, како што рече, била и поддршката на Кумановскиот музеј.
– Веќе третпат сум тука, првите два пати не насочија на методите со кои треба да работиме, сега конкретно работиме на терен и многу сме задоволни како се одвиваат работите и особено од соработката со музејот и со студентите од Скопје, рече Младеновиќ.
Археологот Име Јакобс од универзитетот од Оксфорд објасни дека начинот на работата се состои во прегледот на архивата на Кумановскиот музеј за досега добиените резултати од истражувањата кои во неколку наврати се изведени на овие локалитети. Тоа ќе биде комбинирано со употреба на повеќе методи не геофизичко снимање на теренот