Северна Кореја објави дека на одредено време ги блокира Фејсбук, ЈуТјуб, Твитер, јужнокорејските интернет-страници и Гласот на Америка.
Владата во Пјонгјанг наведе дека се блокирани и „сексуалните и сајтовите за возрасни, како и за коцкање“.
Фејсбук и Твитер веќе неколку месеци неофицијално се блокирани и на социјалните мрежи не може да им се пристапи преку пребарувачите од Пјонгјанг.
– Секој кој ќе се обиде да ги хакира блокираните сајтови или се обиде да дистрибуира податоци кои се против Републиката ќе биде казнет според законите на Северна Кореја, се наведува во одлуката на севернокорејската Влада.
Се проценува дека повеќе од два милиони граѓани на Северна Кореја користата мобилни телефони, а пристапот до интернет, со мали исклучоци, е ограничен на лицата кои имаат дозвола за користење, но и тоа се надгледува.