Карикатури од Фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“ на изложба во Кочани

Од:

Во рамки на заедничката соработка на Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани и Домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница, синоќа беше отворена ретроспективна изложба на најуспешните и наградени карикатури од Мегународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“, кој во ноември минатата година се одржа во Виница.

– Секоја година традиционално најуспешните дела од фестивалот ги презентираме и пред публиката во Кочани. Ова е петта година по ред како успешно соработуваме. На изложбата се поместени 34 карикатури меѓу кои и наградените кои пристигнаа од Иран, Колумбија и Романија. На фестивалот во Виница минатата година пристигнаа рекорден број од 300 карикатури од целиот свет, истакна Славко Данев, директор на Домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница.

Данев информираше дека досега делата од овој Мегународен фестивал биле поставени на изложба во Турција во градовите Бурса и Орхангази, кој збратимен со Виница.

По Кочани, изложбата се сели во Демир Капија и Гевгелија, а во месец јуни заедно со ансамблот за староградски песни ќе гостува во Италија.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска