Девет пожарникари загинаа во Јужен Сибир

Од:

Девет пожарникари загинаа во пожарот кој уништи стотина хектари шума во Јужен Сибир, јавија руските медиуми.

Како што пренесе Франс прес, претставници на шумската служба јавиле дека 13 пожарникари падобранци се испратени да го гасат пожарот кој со голема брзина уништил 500 хектари шума.

„Четири пожарникари ја напуштиле зоната на пожарот, а девет загинаа“, соопштила шумската служба на руската република Тува, која се граничи со Монголија.

Од почетокот на годината, пожарите во руските степи и шуми, уништиле повеќе населби.

Во текот на летото 2010 година, Русија беше зафатена од најсилните пожари во последните децении. Тоа лето во пожарите загинаа околу 60 луѓе, а повеќе од 3 илјади куќи, скоро 200 села и милион хектари шума и степи беа уништени.

Би можело да ве интересира

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

Пожар во фабрика за производство на погонски системи за ракети во Србија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски