Финскиот премиер Јуха Сипиле го продаде својот дом, за кој вети дека во него ќе бидат сместени бегаци, објави финскиот весник „Илта саномат“.
Сипиле го продал својот дом во северната општина Кемпеле на 21 март за 570.000 евра. Во септември финскиот премиер изрази подготвеност да прифати бегалци во станот што го користел ретко.
Во јануари тој потврди дека неговиот предлог останува во сила.
Бегалци сепак, никогаш не беа сместени во станот поради безбедносни причини.
Минатата година во Финска пристигнаа околу 325.000 мигранти, главно од Ирак, а од почетокот на годинава околу 2.000 луѓе.