ДУИ ја напушта Владата

Од:

Демократската унија за интеграција вечерва одлучи да ги повлече сите сегашни претставници од извршната власт на Република Македонија, извести партијата преку соопштение.

“Претседателството исто така го овласти претседателот на партијата Али Ахмети да одлучи за следните чекори на Демократската унија за интеграција, стои во соопштението на партијата.

Информацијата ја потврди и шефот на кабинтетот на Ахмети, Артан Груби преку својот фејсбук профил.

„Централното раководство на ДУИ одлучи да ги повлече своите актуелни претставници од извршната власт на Република Македонија. Претседателството, исто така, ги потврди статутарните права и ги делегира сите извршни права и овластувања за донесување одлуки на претседателот Али Ахмети за да одлучи за следните чекори на Демократската унија за интеграција. Демократската Унија за Интеграција, исто така, ја информира локалната и меѓународната јавност дека ќе ги преиспита своите политики во наредните денови, напиша Груби.

grubi

Од партијата не кажуваат која е причината за овој чекор.

Би можело да ве интересира

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај